Valet Free HTML5 Template
EN FR IT ES MK

ENSEMBLE Expectation and Non-formal Skills

to Empower Migrants and

to Boost Local Economy


CDI » 06/09/2018
news


[ Back ]

Проект ENSEMBLE: Трет Транснационален Проектен Состанок во Бастиа


Здружението “Институт за развој на заедницата” ИРЗ – Тетово, учествуваше на Третиот Транснационален Проектен Состанок во рамките на проектот ENSEMBLE на 5-ти и 6-ти Септември 2018 во Бастиа, Франција.

Проект ENSEMBLE - "Неформални Вештини за Зајакнување на Мигрантите и Локалната Економија" е ко-финансиран од Еразмус+ Програмата на Европската Комисија. Во рамките на проектот ќе се развие и вреднува иновативен механизам за НФИУ со фокус на потребите на мигрантите кој ќе им помогне на ВЕТ едукаторите да ги идентификуваат и оценат професионалните компетенции за НФИУ на мигрантите, овозможувајќи им притоа да имаат централна улога во процесот на интеграција. За таа цел Проектот ENSEMBLE соединува 7 партнери од 5 држави (Франција, Белгија, Поранешна Југословенска Република Македониај, Италија, Шпанија) претставувајќи ВЕТ институции, НВО-и и Истражувачки Институти.

За време на состанокот Партнерите имаа можност да ги дефинираат крајните чекори од Резултат 3 "Иновативен Прототип на НФИУ" дискутирајќи за детали на ENSEMBLE алатките и механизмите, и да ја планираат активноста Обука. Понатаму, Конзорциумот ги постави основите на Резултат 4 "Формализирана Верзија на Ensemble Иновативниот НФИУ Механизам и Прирачник".

Состанокот исто така претставуваше можност да се разгледа стратегијата за Дисменација и да се планираат ENSEMBLE Мултиплаер настаните "Дознај за ENSEMBLE", кои проактивно вклучуваат институции и експерти од заедницата, вклучувајќи креатори на политики во полето на ВЕТ И мигранти.

Повеќе информации за ENSEMBLE:

www.projectensemble.eu
www.irz.org.mk




Партнери

                             

This project has been funded with support from the European Commission. This web site and its contents reflects the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.